четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 69
home Фудбал

Барселона се откажа од Вилијан

Барселона се откажа од Вилијан

Барселона одлучи да не потпишува договор со напаѓачот на Челси, Вилијан, кој ќе стане слободен агент летото 2020 година.

Според шпанскиот портал „Sport.es“, агентот на 31-годишниот Бразилец, Киа Јурабјан се обратил во каталонскиот клуб, но бил одбиен.

Вилијан сака тригодишен договор, а во Барса не се согласуваат со овој услов.

Исто така, Каталонците не се согласуваат да му ја исплаќаат на Бразилецот платата што тој ја посакува, сметајќи ја за премногу висока.

Оваа сезона, до прекинот, Вилијан има седум голови и шест асистенции на 37 натпревари за Челси.

Коронавирус