вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона рекордер по досудени пенали во нејзина полза

Барселона рекордер по досудени пенали во нејзина полза

Екипата на Барселона вчера без поголеми проблеми го совлада тимот на Ференцвароси на гости со 3:0.

Каталонскиот тим со тоа одржуваше совршен сооднос во Лигата на шампионите, каде има пет победи од пет натпревари, а по синоќешниот дуел, Барселона ја напиша историјата на најелитното фудбалско натпреварување во светот.

Екипата од Камп Ноу доби уште еден пенал. Ова беше вкупно петти оваа сезона во пет кола, па Барса стана првиот тим во историјата на Лигата на шампионите во чија корист беа досудени пет пенали на пет последователни натпревари во ова натпреварување.

Досудените пенали Лионел Меси ги искористи против Ференцварош, Јувентус и Динамо од Киев, Мартин Брајтвајт исто така погоди од 11 метри во победата над Динамо минатата недела, а синоќа погоди и Усман Дембеле.

Барса веќе обезбеди пласман во нокаут-фазата на натпреварувањето, а во последното коло, кое ќе се игра следната недела, на домашен терен ќе го пречека тимот на Јувентус.

Каталонскиот тим го доби првиот натпревар во Торино со 2:0.

Коронавирус