понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 3
home Фудбал

Барселона потврди дека Ракитиќ е повреден

Барселона потврди дека Ракитиќ е повреден

Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, го повреди десниот бутен мускул, објави на Твитер каталонскиот клуб.

Враќањето на 30-годишниот Хрват на терен ќе зависи од тоа како се одвива процесот на закрепнување.

Играчот повредата ја влече од настапот за хрватската репрезентација.

Претходно беше објавено дека ќе го пропушти натпреварот Лига на нации против Англија.

Оваа сезона, Ракитиќ одигра 17 натпревари за Барселона, постигна три гола и оствари три асистенции.

Коронавирус