среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 139
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Центар

home Фудбал

Барселона подготвува спектакуларна размена со Челси

Барселона подготвува спектакуларна размена со Челси

Шпанскиот тим во летниот преоден рок има три желби, да ги ангажира Нејмар од ПСЖ и Лаутаро Мартинез од Интер и да се ослободи од фудбалерите кои не ги исполнија очекувањата, а згора на тоа го оптеретуваат буџетот со нивните големи плати.

Највисоко на листата за отстрел е името на Фелипе Кутињо и неговата продажба ќе биде еден од најголемите приоритети.

Во управата на каталонците се свесни дека никој нема да плати 120 милиони евра колку што тие му дадоа на Ливерпул пред две години, и затоа го нудат на попуст за само 60 милиони евра, а подготвени се и за размена.

Барселона планира да преговара со Челси кој пројавува огромен интерес за Кутињо и нема да бара пари, туку сака размена. Тие во замена за Кутињо го сакаат одличниот француски репрезентативец НГоло Канте, кој исто така се наоѓа на радарот на Зинедин Зидан и Реал Мадрид.

Весникот „Мундо Депортиво“ пишува дека оваа размена е повеќе од реална бидејќи Кутињо е долгогодишна желба на Челси и се подготвени да разговараат со Барселона за размена во летниот преоден рок.

Локални избори 2021