Фудбал ел класико

Барселона остварила приход од 13,5 милиони евра од Ел Класико

Барселона оствари рекорден приход од Ел Класико. Во мечот од 35. коло во Спектаклот на „Монжуик“, Барселона на крајот славеше со 4-3. Барса губеше 0-2, па го сврте натпреварот во своја корист, и до полувремето стигна до 4-2. На крајот „кралевите“ само го ублажија поразот.

Како што објавуваат шпанските медиуми, Барселона заработила 13,5 милиони евра на денот на натпреварот, поставувајќи рекорд на приходи на ден на натпревар откако тимот е преселен од „Камп Ноу“ на „Монжуик“.

На мечот со Реал Мадрид присуствувале 50.319 гледачи, односно најмногу досега откако тимот е на овој стадион.

Бројките сигурни би биле поголеми ако овој меч се играше на „Камп Ноу“ кој собира речиси двојно повеќе публика.

To top