четврток, 6. август 2020. Вести денес: 7
home Фудбал

Барселона нема да го продаде Гризман

Барселона нема да го продаде Гризман

Антоан Гризман и следната сезона ќе остане во Барселона, пренесува „L’Equipe“.

Според францускиот весник, раководството на каталонскиот клуб го убедил 29-годишниот Французин за време на лична средба дека тој нема да биде на трансфер листата ова лето. Претставниците на Барселона го уверија напаѓачот дека клубот сè уште смета на него.

Во сезоната 2019/20, Гризман одигра 44 натпревари за Барселона, постигна 15 гола и четири асистенции. Претходно беше објавено дека врвните клубови од Италија и Англија покажуваат интерес за Французинот.

Коронавирус