четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 88
home Фудбал

Барселона на средбата со Гранада со најмногу удари кон противничкиот гол во последните седум години

Барселона на средбата со Гранада со најмногу удари кон противничкиот гол во последните седум години

Фудбалерите на Барселона изборија пласман во полуфиналето на Купот на Шпанија по синоќешната гостинска победа над Гранада со 5:3 (по продолженија).

Каталонците упатија 36 удари кон противничкиот гол, од кои 20 во рамките на голот. Оваа бројка е највисока за тимот од „Камп ноу“ од сезоната 2013/14.

На натпреварот против Гранада, напаѓачот на Барселона, Лионел Меси ја направи својата 300. асистенција во кариерата.

Ждрепката за полуфиналето на Купот на Шпанија ќе се одржи утре (5 февруари). Во моментов, познати се три учесници во полуфиналната фаза: Барселона, Леванте и Севиља. Четвртиот полуфиналист ќе биде одреден вечер по натпреварот Бетис – Атлетик.

ЕУРО 2020

Македонија