среда, 22. септември 2021. Вести денес: 12
home Фудбал

Барселона мора да го скрати буџетот за плати за половина милијарда евра

Барселона мора да го скрати буџетот за плати за половина милијарда евра

Поради големите расходи и лошото финансиско работење предизвикано од пандемијата на коронавирус, шпанскиот фудбалски гигант Барселона ќе мора да го редуцира својот буџет за плати за новата сезона за дури 514 милиони евра, јавија денеска британските медиуми.

Барселона за плати во сезоната 2019/20 потроши рекордни 675 милиони евра, а сега раководството на Ла Лига бара лимитот за плати да изнесува 161 милиони евра.

Како тоа ќе може да се спроведе во Барселона, во услови кога само капитенот Лионел Меси заработуваше 75 милиони евра по сезона, никој не знае.

Паралелно со ова, долгот на Барселона изнесува дури една милијарда и 280 милиони евра.

Коронавирус