четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 29
home Фудбал

Барселона лесно се справи со Леванте

Барселона лесно се справи со Леванте

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона конечно забележа убедлива победа откако го овлада Леванте 3-0.

Барселона денеска дојде до лесен триумф над Леванте. Енис Барди поради повреда не беше во тимот на гостите.Барса тргна фуриозно, во шестата минута Депај даде гол за водство од 1-0, а само осум минути подоцна Лук де Јонг постигна гол за 2-0.

Овој резултат долго беше актуелен. Во 81. минута Ансу Фати доби шанса, големиот талент кој цела година беше надвор од теренот поради повреда.  На Фати му требаа само десет минути да се запише во листата на стрелците, постигна гол и ги постави конечните 3-0.

Локални избори 2021