вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Фудбал

Барселона ќе игра на Олимпискиот стадион во истојмениот град

Барселона ќе игра на Олимпискиот стадион во истојмениот град

Каталонскиот гигант Барселона од идната година ќе игра на Олимпискиот стадион во овој град, поради реновирање и модернизирање на својот дом „Камп Ноу“.

Барселона првично сакаше да гради нов стадион, но тој предлог не мина кај навивачите, па беше одлучено да се реновира, а целиот стадион во Каталонија да добие кров и сега Жоан Лапорта ќе влезе во тој проект, без оглед на неверојатните долгови од преку една милиајрда евра кои ги има клубот.

Поради почетокот на градежните работи од стартот на идната година, каталонски „Спорт“, објави дека веќе е одлучено каде тимот ќе продолжи да игра во периодот додека трае реконструкцијата, а тоа ќе биде Олимпискиот стадион. Капацитетот на овој стадион е 60.000 гледачи.

ЕУРО 2020

Македонија