недела, 11. април 2021. Вести денес: 92
home Фудбал

Барселона ќе добие нов лидер, избори во каталонскиот клуб

Барселона ќе добие нов лидер, избори во каталонскиот клуб

Претседателските избори во фудбалскиот клуб Барселона почнаа претпладнево и до крајот на денот каталонскиот клуб ќе добие ново раководство.

Во претседателската трка учествуваат тројца кандидати – Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фрејша, а право на глас имаат 87.749 членови.

Од тројцата кандидати, само Лапорта се бори за втор мандат. Тој беше на чело на Барселона од 2003 до 2010 година.

Изборите за претседател на Барселона требаше да се одржат порано, но поради пандемијата на коронавирус беа презакажани за 7. март.

Новиот претседател на Барселона ќе има мандат од шест години.

Коронавирус