Фудбал барса

Барселона ја научи лекцијата и нема да ја слави титулата на стадионот на Еспањол

Фудбалерите на Барселона можат да ја потврдат шампионската титула со победа на утрешното градско дерби со Еспањол, а каталонските медиуми пренесуваат дека гостите не планираат да го слават успехот на теренот.

Раководството и стручниот штаб предводен од Ханси Флик донеле заедничка одлука според која Барса веднаш ќе се повлече во соблеувалната при вакво сценарио, каде може да почне со славењето кое сигурно ќе трае подолг период.

Најважен е безбедносниот аспект, бидејќи Барса пред две години исто така ја осигура титулата на стадионот на Еспањол, а славењето пред домашните иницираше упад на најрадикалните фанови и панично бегство на делегацијата на Барса во соблекувалната.

Флик на денешната прес-конференција дипломатски одговорил на ова прашање.

– Мислам дека не е добра идеја да се зборува за славење пред натпреварот. Видов преку снимките што се случи пред две години, се што правиме треба да биде направено со почит кон другите. Прво треба да ги освоиме трите бода, а потоа ќе постапиме онака како што е правилно, – рекол Флик.

Ситуацијата може да биде поинаква ако Реал Мадрид не успее да ја победи Мајорка денеска, бидејќи на тој начин ќе ја потврди титулата на Барселона.

To top