четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 176
home Фудбал

Барселона и Реал Мадрид во трка за фудбалер на Наполи

Барселона и Реал Мадрид во трка за фудбалер на Наполи

Фабијан Руиз би можел да се врати во Ла Лига по четири сезони, пренесуваат италијанските медиуми. Се чини дека Барселона е во „пол-позиција“ во оваа трка, бидејќи сакаат трансферот да биде реализиран ова лето.

Намерата на Реал е да го донесе Руиз на „Сантијаго Бернабеу“ во летото 2023 година, кога истекува договорот на Шпанецот со Наполи, а тој би можел да потпише без обесштетување како слободен играч.

Наместо тоа, Чави би сакал што побрзо да го види Руиз на „Ноу Камп“, за да има поконкурентен тим за следната сезона. Тренерот на Барселона е голем фан на Руиз, нагласува „Мундо Депортиво“.

Коронавирус