среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 124
home Фудбал

Барселона и Реал Мадрид го сакаат Фернандеш

Барселона и Реал Мадрид го сакаат Фернандеш

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш е предмет на интерес од двата најголеми клуба во Шпанија – Барселона и Реал Мадрид. Големите ривали ќе се соочат едни со други во битка за 26-годишниот Португалец, информира „Сан“.

Неодамна се појавија гласини дека Фернандеш има проблеми во врската со менаџерот Оле Гунар Солскјер. Дали е ова вистина или не, останува нејасно, но Барселона и Реал ја следат ситуацијата и се подготвени да се вклучат во битката за играчот од средниот ред.

Португалецот се пресели во Манчестер Јунајтед од Спортинг (Лисабон) во јануари 2020 година. Англискиот гигант плати 55 милиони евра за него. Фернандеш веднаш ја смени играта на „црвените ѓаволи“ и стана клучен играч на тимот. Неговиот договор е до летото 2025 година. (МИА)

Коронавирус