сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Фудбал

Барселона го освои „Олд Трафорд“, Ајакс и Јувентус најавија драма во Торино

Барселона го освои „Олд Трафорд“, Ајакс и Јувентус најавија драма во Торино

Манчестер јунајтед повторно ќе патува со негатива на реванш во нокаут фазата во Лигата на шампиони. По ПСЖ во осминафиналето, на „Олд Трафорд“ славеше и Барселона со 1:0 во воведните 90. минути од четвртфиналниот двомеч и тоа со автогол на Лук Шоу во 12. минута.

Ајакс и Јувентус одиграа 1:1 во Амстердам во вториот вечерашен меч во ЛШ. Италијанскиот првак поведе со голот на Кристијано Роналдо во 45. минута по асистенција на Кансело, израмни Давид Нерез во 46. минута.