четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 132
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Фудбал

Барселона ги обнови договорите со четворица фудбалери

Барселона ги обнови договорите со четворица фудбалери

Шпанскиот фудбалски гигант, Барселона, на својата  официјална веб-страница објави продолжување на договорите со четворица играчи.

Новите договори ги потпишаа: голманот Марк-Андре тер Штеген (до 30 јуни 2025 година), дефанзивците Жерар Пике (до 30 јуни 2024 година) и Клеман Лангле (до 30 јуни 2026 година) како и играчот за врска Френки де Јонг (до 30 јуни 2026 година).

Во договорите на Тер Штеген и Пике обесштетувањето за предвремен раскин на договорот е ставено на 500 милиони евра, кај Де Јонг 400, додека за Лангле изнесува 300 милиони евра.

Каталонскиот клуб договорите со играчите ги потпиша во време на финансиска криза и во период кога упати барање до тимот да се изјасни за намалување на платите.

Коронавирус