недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 63
home Фудбал

„Барселона е „шворц“, во Германија одамна би била пред стечаен судија“

„Барселона е „шворц“, во Германија одамна би била пред стечаен судија“

Поранешниот прв човек на Баерн Минхен, Ули Хенес, ја коментираше ситуацијата во која се наоѓа шпанскиот фудбалски гигант Барселона. Каталонскиот клуб е заглавен во огромни финансиски проблеми. Долговите се над милијарда евра и Хенес даде брутално искрена изјава поврзана со финансиската состојба на клубот од „Камп Ноу“.

„Барселона е „шворц“, во Германија одамна би била пред стечаен судија“, рече Хенес.

Хенес зборуваше и за финансиите на Баерн, кои не се најдобри по пандемијата, но сепак се доста солидни.

„Без гледачи, губевме 80 до 100 милиони годишно. Нашата штедна книшка, која беше полна, сега е многу помала. Таа сè уште постои, но ако продолжи вака долго време, ќе дојдат тешки времиња“, додаде поранешниот оперативец во баварскиот клуб.

Хенес работеше во Баерн 40 години, а од 2009 година ја извршуваше функцијата претседател на клубот. Тој оваа изјава ја даде непосредно пред стартот на Лигата на шампионите, во кој неговиот Баерн ќе се судри токму со Барселона.

Локални избори 2021