вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 97
home Фудбал

Барселона е подготвена да му плаќа дел од платата на Пјаниќ, само да се ослободи од него

Барселона е подготвена да му плаќа дел од платата на Пјаниќ, само да се ослободи од него

Миралем Пјаниќ би можел да се врати во Јувентус, а Барселона е подготвена да му плаќа дел од платата.

Барселона се обидува да се ослободи од фудбалерите кои не и се потребни, но проблем се високите плати кои им ги дава, а никој друг не им ги нуди. Таква е ситуацијата и со Пјаниќ.

На вчерашниот пријателски меч меѓу Барселона и Јувентус, Пјаниќ беше исвиркан. Тој една сезона помина на Камп Ноу, но не импресионираше.

Јувентус е во преговори за да го врати, но нема намера да му ја дава годиишната плата од 8,5 милиони евра по сезона која ја добива во Барселона.

Можно е Пјаниќ да биде испратен на позајмица во Јувентус, а дел од платата да му ја плаќа Барселона.

Коронавирус