вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 21
home Фудбал

Барселона без Суарез на средбата со Лас Палмас

Барселона без Суарез на средбата со Лас Палмас

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, кој се наоѓа во одлична форма, ќе го пропушти гостувањето кај Лас Палмас в среда во рамките на Примера.

Причината се четирите жолти картони акумулирани кај Суарез, па евентуален уште еден жолт картон ќе значи негово отсуство на следниот дуел.

Тренерот Ернесто Валверде сака да зачува Суарез за неделниот меч кога Каталонците го пречекуваат Атлетико (Мадрид), кој е најблиску до нив на табелата.

Од почетокот на шампионатот во Шпанија Суарез има 20 гола во 22 натпревари, од него е подобар само Меси со 22 гола.

Коронавирус