Барселона во клучните натпревари кои и им предстојат ќе биде без својот најдобар стрелец и лидер во тимот Роберт Левандовски.
Полјакот се повреди на натпреварот против Селта и првите прогнози се дека се работи за скинат мускул на задната ложа.
Левандовски ќе пропушти најмалку шест меча, вклучувајќи ги двата од полуфиналето од Лигата на шампионите против Интер, како и оние против Реал во финалето од Копа дел Реј и клучниот во првенството, на 11 мај. Постојат минимални шанси да се појави на тој меч, во 35. коло од Ла Лига, но само ако рехабилитацијата оди според планираното.