четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 109
home Фудбал

Барса потврди: Алкасер останува во Дортмунд

Барса потврди: Алкасер останува во Дортмунд

Борусија Дортмунд ќе ја искористи можноста да го купи за постојано напаѓачот на Барселона, Пако Алкасер.

– Од Дортмунд нe информираа дека ќе ја активираат клаузулата за откупување на Пако Алкасер, изјави директорот за финансиските прашања на „Каталонците”, Оскар Грау.

Тоа значи дека „жолто-црните“ ќе платат сума од 23 милиони евра, а уште пет милиони евра ќе влезат во касата на Барселона во форма на бонуси.

Веста се уште не е потврдена од кампот на лидерот на Бундеслигата. Според медиумите во Германија, Пако се договорил со шефовите на Борусија да остане во клубот до летото 2023 година.

Дваесет и петгодишниот Шпанец се наоѓа во фантастична форма и само за 81 минута игра постигна шест гола во Бундеслигата оваа сезона. До синоќа тој беше лидер меѓу стрелците, но беше надминат од Лука Јовиќ, кој постигна пет гола за Ајнтрахт Франкфурт при победата од 7:1 над Фортуна Дизелдорф.

МИА

Коронавирус