вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Барди за ФИФА е четврти најдобар изведувач на слободни удари во светот

Барди за ФИФА е четврти најдобар изведувач на слободни удари во светот

Македонскиот репрезентативец Енис Барди има голема привилегија кај фудбалската симулација ФИФА од „ЕА Спортс“, затоа што е меѓу најдобрите изведувачи на слободни удари во светот.

Фудбалерот на Леванте според оценката се најде на четвртото место на листата, со прецизност од 91 од вкупно 100.

Пред македонскиот репрезентативе се наоѓаат само Себастијан Џовинко (Ал-Хилал, 92), Миралем Пјаниќ (Јувентус, 92) и лидер е Лионел Меси со 94 од вкупно 100.

Зад Барди, пак, останаа имиња како Парехо (90), Хакан Чалханоглу (90), Роберт Сков (90), Пауло Дибала (88)…