недела, 1. август 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Барди стрелец во триумфот на Леванте над Бетис

Барди стрелец во триумфот на Леванте над Бетис

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди даде свој придонес во денешниот триумф (4:2) на Леванте над Бетис.

Македонецот го постигна вториот гол за Леванте на мечот од 32. коло. За Барди ова беше четврти гол во сезоната 2019/20.

Тренерот на домашниот состав во 64. минута го повлече Барди од игра за да го зачува за следните предизвици.

Леванте по денешната победа се наоѓа во средишниот дел на табелата во Ла Лига и со речиси обезбеден опстанок. (МИА)

Коронавирус