среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 39
home Фудбал

Бане Ивановиќ купува тенк од Србија за да го однесе на подарок во Русија!?

Бане Ивановиќ купува тенк од Србија за да го однесе на подарок во Русија!?

Српската ѕвезда на руски Зенит, Бранислав Ивановиќ, кој е капитен на тимот од Санкт Петербург најавил за руските медиуми дека на својот соиграч Јури Жирков, некогашна голема ѕвезда на Русија ќе му купел тенк и тоа од Србија.

Ивановиќ и Жирков е познаваат уште од времето додека играа заедно во Челси, а сега овие двајца се неразделни во Санкт Петербург и српскиот ветеран најавил дека на Жирков ќе му донесе тенк од Србија, зашти руската легенда е „енциклопедија за Втор Светска војна“.

Само многумина се зачудија, зошто Ивановиќ од Србија ќе тегне тенк на подарок, кога во Русија веројатно на тони има такви тенкови по отпадите уште од времето на Втората Светска војна, кои може да се искористат како макета.

„Јури е сјаен човек, имаме многу заеднички интереси, семејствата ни се дружат. И јас пред да дојдам во Зенит, имав пристојно познавање за историјата и Втората Светска војна, ама сега покрај Жирков станав – експерт. Со Јури само за тоа разговараме, сите генерали ги знам. Тој секоја слободна минута ја користи да чита или да гледа работи за тој период. И веќе му ветив дека ќе му купам тенк од Србија, само да помине сè како што треба“, рече Ивановиќ.

Коронавирус