вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 93
home Фудбал

Балотели сака да ја заврши кариерата во Бреша

Балотели сака да ја заврши кариерата во Бреша

Напаѓачот на Олимпик Марсеј, Марио Балотели објави каде би сакал да ја заврши кариерата. Дваесет и сум-годишниот фудбалер нема намера во скоро време да се врати во Италија.

– Италијанскиот фудбал е преполн со тактики и малку здодевен. Не мислам дека ќе се вратам во Серија „А“ наскоро. Но не можам да негирам дека би сакал да ја завршам кариерата во Бреша”, изјави Балотели пред „Le Figaro“.

Тренерот на Олимпик Марсеј, Руди Гарсија пак го прокоментира претставувањето на Балотели при вчерашниот пораз од Ремс со 1:2.

– Знаевме дека Марио Балотели нема сили во нозете за повеќе од 60 минути. Тој се уште има проблеми со повредата и добива грчеви. Добрата вест е дека тој нема да игра против Бордо во вторник. Ќе можеме да го подготвиме за натпреварот против Дижон во текот на викендот, објасни стратегот.