понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 91
home Фудбал

Бакајоко близу до враќање во Милан

Бакајоко близу до враќање во Милан

Милан се приближува кон обезбедување нов заем за играчот од средниот ред на Челси, Тиемуе Бакајоко, објавија Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо.

По долги преговори меѓу двата клуба поради категоричната позиција на тимот од Лондон да го продаваат играчот трајно, во последните часови ситуацијата се смени. „Сините“ сега се подготвени да ја задоволат желбата на „росонерите“ за отстапување со опција за купување, а целата операција ќе изнесува 30-32 милиони евра.

За Бакајоко, преселбата во Милан е приоритет, и покрај интересот за него од англиските тимови. Тој чека трпеливо и нема да биде проблем да ги договори неговите лични услови. Французинот веќе помина едногодишен заем кај гигантите од Милано во сезоната 2018/19 година, кога одигра 31 натпревар. (MИА)

Коронавирус