сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 84
home Фудбал

Бајката Мирандес: Како навивачите со 400 илјади евра го спасија клубот, а сега чекаат – пехар?

Бајката Мирандес: Како навивачите со 400 илјади евра го спасија клубот, а сега чекаат – пехар?

Шпанскиот второлигаш Мирандес сезонава е најубавата фудбалска приказна на Пиринеите, откако успеа преку неколку изклучително големи имиња во шпанскиот фудбал да дојде на чекор до финале во Кралскиот куп и веќе сите го прогласија за „тим за чуда“.

„Селскиот клуб“ кој доаѓа од градче Миранда де Ебро со само 30.000 жители, пред само две години беше третолигаш, ама градот е луд за фудбал, па и за миленикот и првпат во второлигашка конкуренција играа пред девет години (сезона 2011/12). И успеаа тогаш да опстанат, ама пари за лиценца немаа. Локален стопанственик им вети дека ќе помогне и ќе ја плати целата сума на пари.

Висенте Еспања требаше да биде херојот, а четири часа пред завршување на рокот за лиценцирање, обидот за трансакција – неуспешен. На сметката Еспања имал – нула евра. И тука почнува целото лудило. Медиумите објавуваат дека Мирандес испаѓа од лигата, а на нозе се крева – целиот град. Старо, младо, управа, навивачи, играчи… Сите спремни да уплатат кој колку има на сметката на клубот. За три часа собрани – 400.000 евра. Доволно за лиценца.

Арно ама, проблемот е поголем – како да се уплатат за да се добие лиценца. Пред полноќ ниту една банка не работи. Но, фудбалот е страст, а локалниот клуб неверојатно се сака, па локалните банкари овтораат банките за да се направи трансакција, надвор од работното време.

Така почнува лудилото. Локалната полиција обезбедува, а граѓаните носат кеш за да уплатат во банка. Почнува уплатата. Мирандес на крај, три минути пред истекот на рокот (23.57 часот) објавува – трансакцијата успешна, лиценцата извадена! Почнува општа веселба во градот.

Клубот има прекар „Рохилос“ по регионот во кој се наоѓа градот Миранда де Ебро познат по врвното вино „Риоха“. Стадионот Андува има капацитет 5.800 гледачи и речиси секогаш е полн. Сезонава „чудото од тим“ има спектакуларна серија на победи во Купот, сè сензација до сензација. Прво 2-1 со Селта, па 3-1 со Севилја, па 4-2 со Вилјареал. Сега во полуфинале ги чека Реал Сосиедад, клубот кој го елиминира Реал Мадрид.

Навивачите се надеваат дека историскиот пат ќе се заокружи со трофејот и Мирандес ќе има приказна за на филм, како клуб кој го спасија еднаш навивачите успеа да го освои престижниот трофеј на Кралот.

Неутралните секако посакуваат Мирандес да напише нова фудбалска приказна за аналите, налик таа на Лестер во Англија за шампионската титула во 2016.

Коронавирус