среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 125
home Фудбал

Баерн веднаш се договори со друг играч

Баерн веднаш се договори со друг играч

Неколку часа откако Баерн (Минхен) се согласи со Ливерпул да го продаде Тиаго Алкантара, германскиот клуб постигна договор за привлекување нов играч.

„Скај Спорт Германија“ открива дека шампионот во Лигата на шампионите се договорил со десниот дефанзивец Сержињо Дест од Ајакс. 19-годишникот ја прифати понудата за договор во следните пет сезони.

Сепак, потешкиот дел допрва доаѓа – двата клуба да се договорат за сумата на трансферот. Според информациите од Ајакс, тие сакаат 30 милиони евра, што, сепак, се чини премногу за Германците. Првичната понуда на Баерн беше 10 милиони евра, но беше одбиена.

Дест е роден во Холандија од мајка Холанѓанка и татко Американец. Сепак, тој избра да игра за репрезентацијата на САД. (МИА)

Коронавирус