вторник, 3. август 2021. Вести денес: 173
home Фудбал

Баерн со појаснување за информациите за трансферот на Сане

Баерн со појаснување за информациите за трансферот на Сане

Спортскиот директор на Баерн (Минхен), Хасан Салихамиџиќ ги негираше информациите на „Билд“ дека е договорен трансферот на Лерој Сане од Манчестер Сити, но призна дека преговорите се во тек.

– Имаме плодни разговори со претставниците на Сане и Сити. Но, ние мора да бидеме трпеливи, во моментов нема што друго да кажам, изјави Салихамиџиќ за официјалната веб-страница на Баварците.

Се очекува Баерн да плати помеѓу 50 и 60 милиони евра. Минхен е подготвен драстично да ја зголеми платата на крилниот напаѓач.

Менаџерот на граѓаните, пеп Гвардиола веќе призна дека Сане одбивал повторно да потпише со „небесносините“. (MИА)

Коронавирус