вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 6
home Фудбал

Баерн Минхен му донесе замена на Ноер, а тој сега изјави: Мојот план е…

Баерн Минхен му донесе замена на Ноер, а тој сега изјави: Мојот план е…

Баерн Минхен пред извесен период го потврди ангажманот на голманот на Шалке, Александер Нубел кој ќе пристигне на „Алијанц Арена“ следното лето како слободен агент.

Јасно е дека тоа ќе биде сериозна конкуренција за Мануел Ноер кој долго време е незаменлив меѓу стативите на гигантот од Минхен.

Ноер и покрај доаѓањето на 23 годишниот голман потенцираше дека негов план е да остане во Баерн Минхен уште долго време.

– Мојот план е да продолжам да играм фудбал за Баерн Минхен и покрај тоа што Алекс Нубел ќе биде овде од следното лето. Сакам да продолжам, -кратко изјави Ноер за „Скај Спортс“.

извор: derbi.mk

Коронавирус