петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 49
home Фудбал

Баерн Минхен минимално до триумф против Арминија

Баерн Минхен минимално до триумф против Арминија

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен многу потешко од очекувањата дојде до трите бода на вечерашната пресметка против Арминија Билефелд во првата лига на Германија.

Актуелниот првак важеше за огромен фаворит за трите бода, но до истите дојде дури во второто полувреме и тоа со голот на Лерој Сане. Сане испрати мајсторски, неодбранлив удар во 71 минута за конечни 1-0.

Со ова „баварците“ се вратија на врвот на табелата на кој неколку часа беше составот на Борусија Дортмунд. Баерн има 31 или поточно еден повеќе од „милионерите“ од „Сигнал Идуна Парк“.

Коронавирус