вторник, 20. август 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн го победи Реал Мадрид во дебито на Азар и Јовиќ

Баерн го победи Реал Мадрид во дебито на Азар и Јовиќ

Баерн Минхен го совлада Реал Мадрид со 3:1 во судирот меѓу двата тима од пријателскиот „Интернаешнл чемпионс куп“.

Мечот се играше на стадионот „НРГ“ во Хјустон, Тексас и беше неофицијално деби за Еден Азар и Лука Јовиќ за „кралскиот“ клуб.

Освен тоа, прв натпревар во белиот дрес запишаа и Ферлан Менди, Родриго и Такефуса Кубо.

Германскиот шампион го освои натпреварот со головите на Толисо (15), Роберт Левандовски (67) и Серж Гнабри во 70-тата минута. За Реал, Родриго постигна гол во 84 минута.

Баерн на тој начин ја освои својата прва победа на турнирот по поразот од Арсенал пред неколку дена.

Следниот натпревар за играчите од Минхен е со Милан на 24-ти јули. Реал забележа прв пораз во својот прв натпревар на турнирот, а на 24 јули ќе игра против Арсенал.