сабота, 15. август 2020. Вести денес: 53
home Фудбал

Баер сака 100 милиони евра за Хаверц

Баер сака 100 милиони евра за Хаверц

Бундеслигашот Баер ја одреди цената за играчот од средниот ред Каи Хаверц. Доколку некој сака да го купи најдобриот фудбалер на тимот од Леверкузен ќе мора да плати 100 милиони евра.

Според „Кикер“ Баер нема ништо против дел од суматада биде во форма на бонуси, но се нагласува дека фудбалерот со сигурност нема да биде продаден до крајот на Лигата на Европа.

Во првиот натпревар од 1/8 финалето на второто по квалитет фудбалско натпреварување во Европа, германскиот тим го победи Ренџерс со 3:1.

Оваа сезона, 21-годишниот Хаверц настапи на 39 натпревари на сите турнири, постигна 15 гола и забележа осум асистенции.

Баер го зазема петтото место во германскиот шампионат и стигна до финалето на националниот куп, каде загуби од Баерн Минхен. (МИА)

Коронавирус