понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 33
home Фудбал

Баер Леверкузен и Вердер се пласираа во четвртфиналето на германскиот куп

Баер Леверкузен и Вердер се пласираа во четвртфиналето на германскиот куп

Екипите на Баер Леверкузен и Вердер се пласираа во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Германија.

Во осминафиналните мечеви одиграни вечерва Баер Леверкузен со голот на Леон Бајли постигнат во 70.минута на гости во Менхенгладбах ја совлада Борусија со 2-1, додека Вердер во ефикасен дуел беше подобар од Фрајбург со 2-2.

Вечерва се играат последните два меча ос осминафиналето.

Во Минхен е големото дерби меѓу Баерн и Борусија Дортмунд. Ова е шанса за актуелниот шампион да се реваншира за минатогодишната елиминација во полуфиналето од Борусија која потоа во финалето го совладаа Ајнтрахт (2-1) и го освои трофејот.

Покрај мечот на „Алијанц Арена“ вечерва ќе се игра и средбата Хајденхајм – Ајнтрахт.

Вчера, пласман во четвртфиналето обезбедија екипите на: Волфсбург, Шалке, Мајнц и Падерборн.

Коронавирус