вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 123
home Фудбал

Азар стана непријател број 1 на навивачите на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Азар стана непријател број 1 на навивачите на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Реал Мадрид синоќа загуби со 2-0 на реваншот против Челси во полуфиналето во Лигата на шампиони. Поразот ги боли многу навивачите на „кралевите“, кои сега имаат нов непријател број 1 откако Герет Бејл си замина од клубот.

На отстрел сега е Еден Азар. Најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид, синоќа на „Стемфорд Бриџ“ се смееше и се гушкаше со своите поранешни соиграчи до Челси. Камерите го уловија во добро расположение и покрај поразот на шпанскиот гигант.

Фановите на Реал низ годиниве покажаа дека немаат милост кон оние фудбалери кои не покажуваат почит кон клубот. Таков беше случајот со Герет Бејл, кој иако се изнадава голови во кралскиот дрес, па дури и решаваше финалиња во Лигата на шампиони, беше исвиркуван на „Сантијаго Бернабеу“ поради своето незалагање.

Што да се каже за Еден Азар. Човекот кој цели две сезони не може да се опорави од повреди и буквално нема одиграно ниту еден добар натпревар за Реал, синоќа се гушкаше и се смееше со поранешните соиграчи до Челси.

ЕУРО 2020

Македонија