недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Фудбал

Азар потпиша за Борусија Дортмунд

Азар потпиша за Борусија Дортмунд

Напаѓачот Торган Азар кој од денеска и официјално е член на Борусија Дортмунд е задоволен од тоа што кариерата ќе ја продолжи во еден од најдобрите германски клубови.

Сега веќе поранешниот фудбалер на Борусија Менхенгладбах со „милионерите“ потпиша договор до 30 јуни 2024 година. Деталите за трансакцијата не беа обелоденети со договор на странките.

– Благодарен сум за пет неверојатни години во Борусија Менхенгладбах и за многу пријатни спомени. Сега е вистинското време да го направам следниот чекор во мојата кариера. Горд сум што станав играч на Борусија Дортмунд. Ова е врвен клуб со неверојатни фанови, изјави Азар.

Минатата сезона 26-годишниот Белгиец постигна 13 гола во 35 натпревари за Менхенгладбах и оствари 12 асистенции.