сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 111
home Фудбал

Азар ќе го напушти Челзи ако не биде обезбедено место во ЛШ

Азар ќе го напушти Челзи ако не биде обезбедено место во ЛШ

Најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар најави заминување од клубот доколку „сините“ од Лондон не обезбедат место во Лигата на шампионите следната сезона.

Белгиецот сака и следната сезона да игра во елитното натпреварување, а евентуален неизборен пласман во ЛШ може да предизвика големи промени во клубот.

Англиските медиуми јавуваат дека покрај Азар, на списокот за заминување од се уште англискиот шампион се и Куртоа, Фабрегас, Жиру, Давид Луиз, Педро….

Во моментов Челзи е на петтата позиција во Премиер лигата со осум бода заостанување зад позицијата која обезбедува учество во шампионската лига на УЕФА.

Коронавирус