вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 10
home Фудбал

Азар го спаси Реал Мадрид од пораз против Севиља

Азар го спаси Реал Мадрид од пораз против Севиља

Во последниот меч од 35. коло во Шпанската Примера дивизија, вечерва на својот стадион Реал Мадрид не успеа да ја победи Севиља, откако одиграа нерешено 2:2  и со тоа не се искачија на врвот на табелата.

Реал тргна добро и Бензема веќе во 12. минута погоди. Сепак, по ВАР реакцијата голот беше поништен поради офсајд. Само 10 минути подоцна, Ракитиќ асистира, а Фернандо успеа да го погоди голот на домашните и да донесе шок за Реал, за водство од 1:0.

Во вториот дел Реал се врати со израмнување во 67. минута. Само една минута откако влезе на теренот како замена за Модриќ, Марко Асенсио погоди за 1:1. Но, повторно само десет минути подоцна, Севиља се врати во водство. Пенал во шеснаесетникот на домашните, Ракитиќ погоди за водство на Севилја од 2:1.

Во судиското продолжение од 6 минути, Азар успеа да погоди од далечина и да донесе барем бод за „кралевите“ на овој исклучително важен меч.Во моментов лидер во Примера е Атлетико со 77 бода. Реал Мадрид е втор со 75 бода исто колку што има и Барселона, додека Севиља има 71 бод. До крајот на првенството има уште три кола.

 

ЕУРО 2020

Македонија