недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 18
home Фудбал

Азар го менува Роналдо во Реал?

Азар го менува Роналдо во Реал?

Реал Мадрид е подготвен да понуди 170 милиони евра за трансфер на најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар и да го доведе како замена за Кристијано Роналдо.

Реал бара нова ѕвезда, откако Роналдо замина за Јувентус, а изборот падна на белгискиот репрезентативец, пишуваат на Островот.

„Кралскиот“ клуб првично беше фокусиран на привлекувањето на Нејмар и Килијан Мбапе од ПСЖ, но бидејќи тоа не е возможно за претстојната сезона, се свртеа кон Азар.

Белгиецот често нагласувал дека би сакал да оди во Реал еден ден и сега може да ја исполни својата голема желба по одличниот настап на Мундијалот во Русија.

Пред шест години тој пристигна на „Стемфорд бриџ“, а претходно го носеше дресот на француски Лил.

Коронавирус