сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 11
home Фудбал

Австралија, САД и Франција на колена пред Македонија

Австралија, САД и Франција на колена пред Македонија

Ден полн со ЕМОЦИИ! Да знаете дека во моментов има едни деца на Алпите во кои секојдневно ги бијат битките со најголемите земји во светот. Толку ХРАБРО ја претставуваат нашата ДРЖАВА, многу ПОТ, СОЛЗИ, КРВ… На крајот скршени, исцрпени, храбро пред публиката имаат сила во еден глас да пеат за МАКЕДОНИЈА. Секоја чест и за навивачката група која нè следи во чекор по 100-ина км дневно. И за крај, овие деца денес ја направија ГОРДА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА. Голема благодарност и до родителите кои патуваа илјадници километри, гласи пораката на еден од организаторите, Драган Станојковски.

Ова се само дел од импресиите од првото учество на македонските фудбалски таленти кои беа дел од Јувентус светското првенство кое се одржа од 11 до 15 јуни во италијанскиот град Торино. Благодарение на организаторите на Јувентус Камп Македонија и фудбалскиот клуб Мондано, сонот да се биде дел од најтрофејниот италијански клуб стана реалност за фудбалерчињата од генерацијата 2006/2007 и 2008/2009.

Одличната игра и желбата да се надигруваат со своите врсници од целиот свет беше крунисана со пет победи. На колена завршија играчите на Австралија кои престојот во Италија сигурно најмногу ќе го паметат по двата порази од нашиот тим со по 8:1 и 4:3. Ништо подобро не поминаа и фудбалерите на Шангај (2:1), Франција (2:1) и САД (6:5 на пенали).

Стручниот тим на Јувентус камп Македонија и ФК Мондано е презадоволен од организацијата на овој голем настан, но најмногу од сè, ние сме презадоволни од ангажманот и посветеноста на нашите фудбалери кои дадоа сè од себе и лавовски се бореа на секој натпревар. Горди сме на сè што е постигнато во Италија и ова е голем чекор за македонскиот фудбал и младите играчи да запознаат како да се биде дел од едно Светско првенство, да се запознаат нови култури, нации, каде што главна цел беше дружбата и споделувањето на искуствата. Нашите деца се најголеми амбасадори кои со гордост ја претставуваа нашата земја, изјави Дино Дамјановски.

За време на престојот играчите во живо го следеа квалификацискиот дуел за ЕП 2020 помеѓу репрезентациите на Италија и БиХ, потоа го посетија клупскиот музеј на Јувентус, а медалите за успешното учество на Светското првенство беа доделени од клупската легенда на „старата дама“, Џанлука Песото.