сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 77
home Фудбал

Аутопсијата ја откри причината за смртта на Астори- погребот во четврток

Аутопсијата ја откри причината за смртта на Астори- погребот во четврток

Аутопсијата ги потврди првичните претпоставки за смртаа на Давиде Астори кој беше пронајден мртов во неделата наутро во неговата хотелска соба во Удине.

Капитенот на Фиорентина починал од срцев удар што италијанските медиуми го наведоа како причина уште во првите објави на трагичната вест. Дел од нив пишуваа и за излив во мозокот, а меѓувреме се појави и основано сомнение за можно убиство. Но, дилемите сега се расчистени. Астори го предаде срцето на спиење на 31 годишна возраст.

Телото на италијанскиот фудбалски репрезентативец ќе биде пренесено од Удине во Фиренца во текот на утрешниот ден и во договор со семејството ќе биде изложено во „Коверцијано“, тренинг центар на „виолетовите“ каде граѓаните, навивачите и пријателите ќе може да му оддадат последна почит. Погребот е закажан во четврток во базиликата „Санта Кроче“ во 10 часот.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) донесе одлука за едноминутен молк пред почетокот на мечевите во Лигата на шампиони и во Лига Европа во оваа недела во знак на почит кон прерано починатиот централен дефанзивец на Фиорентина.

Коронавирус