вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 37
home Фудбал

Атлетико со последен обид да го задржи Гризман

Атлетико со последен обид да го задржи Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид упати последен предлог кон ѕвездата на тимот Антоан Гризман во обид да го разубеди следната сезона да го облече дресот на Барселона. Тоа изгледа како последен „очајнички потег“ на шефовите на „јорганџиите“, тврди „Кадена Копе“.

Медиумите во Шпанија се категорични дека францускиот напаѓач одамна дал согласност да се пресели на „Камп Ноу“ во текот на летото. Понудата за плата од повеќе од 20 милиони евра е рекорд за Атлетико и клубот нема да упати друга понуда.

Од 1 јули Гризман ќе може да биде откупен при исплата на клаузула од 100 милиони евра. Вчера шпанското издание „Спорт“ објави дека Барселона дури понудила да даде 115 милиони евра, но да добие право да го плати износот на рати. По правило, при активирање на клаузулата, целата сума треба да биде поднесена во Шпанската фудбалска федерација, но каталонците се загрижени дека нема да можат да извадат толку многу пари одеднаш.

Самиот Гризман молчи на оваа тема и не кажува ништо за неговите планови. Нему му останува уште само еден натпревар со Атлетико, по што заминува на камп со тимот на „петлите“ пред почетокот на Светското првенство.

Во исто време, новинарот Антонио Руиз од „Кадена Копе“ тврди дека човек од управата на Атлетико му рекол дека трансферот на голгетерот во Барса е сигурен и ќе биде објавен по завршувањето на шампионатот во Шпанија.

МИА

Коронавирус