недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 5
home Фудбал

Атлетико сака Симеоне да остане „уште многу години“

Атлетико сака Симеоне да остане „уште многу години“

Атлетико Мадрид ќе се потруди да го задржи Диего Симеоне за долго време. Добра вест за навивачите на „јорганџиите“, прогласена лично од претседателот на клубот Енрике Сересо.

Аргентинецот се врати на „Висенте Калдерон“” како тренер во 2011 и успеа да го изведе тимот до првата титула по 18 години во 2014 година. Од неговото доаѓање, Атлетико повторно се фактор во европскиот фудбал, откако одиграа две финалиња во Лигата на Шампионите, но не успеаја да триумфираат во нив .

Во 2018 година тој потпиша нов договор кој ќе го задржи на „Ванда Митрополитано“ барем до 30 јуни 2020 година. Но, ако сè зависи само од Сересо, тој сака да го има на располаѓање 48-годишниот стратег и многу долго потоа.

– Сите во клубот сме убедени дека Чоло е најдобриот тренер кој може да постои на овој свет за Атлетико. Јас сум убеден дека тој ќе продолжи да нè води уште многу години во иднина, изјави шефот на „јорганџиите“ пред „АС“.