вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 169
home Фудбал

Атлетико сака да пазари кај ПСЖ

Атлетико сака да пазари кај ПСЖ

Атлетико Мадрид сака во своите редови да го донесе фудбалерот  на Пари Сен Жермен, Јури Берчиче.

Дефанзивецот за ПСЖ постигна два гола и асистираше петпати на 29 натпревари, откако минатото лето се пресели во француската престолнина.

За Берчиче е заинтересиран уште еден Атлетико, тој од Билбао, но на овој клуб проблем му претставуваат 30 милиони евра, колку што изнесува обесштетувањето на фудбалерот.

Од друга страна, сумата за обесштетување не е спорна за Атлетико Мадрид, кој освен во Примера се натпреварува и во Лига Европа.

МИА

Коронавирус