сабота, 28. март 2020. Вести денес: 96
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Атлетико против Реал Мадрид во битка за трофејот од шпанскиот Суперкуп

Атлетико против Реал Мадрид во битка за трофејот од шпанскиот Суперкуп

Атлетико покажа променливи игри во почетокот на сезоната со само една победа на осум директни натпревари, но влегува во претстојното финале на шпанскиот Суперкуп со својата најсилна победничка серија од почетокот на кампањата. „Јорганџиите“ имаат пет директни победи во кои имаат постигнато најмалку два гола.

Тимот покажа одлична игра со Барселона и откако Каталонците направија пресврт во второто полувреме, избраниците на тренерот Диего Симеоне самите дојдоа до пресврт на неколку минути на крајот од мечот, покажувајќи го својот карактер и победија со 3:2.

Реал е во одлична форма, а поразите на сите турнири во текот на сезоната се само два. Нападот на „белиот балет“ покажа слабости на крајот на 2019 година, но тимот постигна точно три гола на обете средби во новата деценија.

Зинедин Зидан има 100% рекорд кога станува збор за натпревари во финалето, откако тој го освојува трофејот во клучните битки, во кои учествува неговиот тим.

Судирот во лигата меѓу двата мадридски гиганти претходно оваа сезона заврши со реми без голови. Три од последните пет натпревари имаа над 2,5 гола и во истите три бевме сведоци на голови во двете мрежи.

Имајќи предвид дека претстојниот натпревар е финале, Реал Мадрид веќе двапати слави во средба со Атлетико, во судир на турнири, кога ја освои ЛШ. И во двата случаи средбите завршија нерешено по редовните 90 минути.

Атлетико Мадрид – Реал Мадрид, финале за Суперкупот на Шпанија, стадион: „Кинг Абдула Спорт Сити“, почеток: 19:00 часот по македонско време.

Веројатен состав на Атлетико: Облак, Трипие, Савиќ, Хименез, Лоди, Саул, Томас, Ерера, Кореа, Феликс, Мората

Веројатен составот на Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Касемиро, Валверде, Крос, Иско, Модриќ, Јовиќ