петок, 18. септември 2020. Вести денес: 116
home Фудбал

Атлетико предвреме ќе ја прекине соработката со неколку фудбалери

Атлетико предвреме ќе ја прекине соработката со неколку фудбалери

Раководството на Атлетико Мадрид одлучи да ја прекине соработката со неколку фудбалери во текот на јануарскиот трансфер период.

Први од „Ванда Метрополитано“ ќе си заминат Лусијано Вието и Николас Гајтан кои немаат некоја посериозна улога во тимот.

Трет на листа се очекуваше да биде Шмеј Врсалко, но се чини Хрватот ќе се „спаси“, а тимот ќе го напушти Јаник Фереира Караско. Белгиецот ја загубил довербата кај тренерот Диего Симеоне.

Пред само една година, Караско добиваше повеќемилионски понуди, но аргентинскиот стручњак не сакаше да го пушти во друга екипа. Како потенцијални купувачи на Караско се споменуваат Баерн и неколку англиски екипи.

Коронавирус