понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 112
home Фудбал

Атлетико потврди за колосална понуда од Сити за Хименез

Атлетико потврди за колосална понуда од Сити за Хименез

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо ја потврди информацијата од пред десетина дена дека Манчестер Сити дал солидна понуда од 85 милиони евра за дефанзивецот Хозе Хименез. Сепак, таа била одбиена.

– Да, добивме таква понуда, но Хименез е исклучителен играч и ние сакаме да имаме такви исклучителни играчи во нашиот тим, изјави Сересо за „Ел Транзистор“.

При оваа опција, на англискиот клуб му останува можноста да ја активира откупната клаузула на Уругваецот, која изнесува 120 милиони евра.

Трансфер периодот во големите европски шампионати се затвора на 5 октомври. (МИА)

Коронавирус