среда, 2. декември 2020. Вести денес: 45
home Фудбал

Атлетико подготвува нова трансфер бомба

Атлетико подготвува нова трансфер бомба

Кристијан Ериксен ќе дојде во Атлетико Мадрид, доколку клубот не го заврши трансферот на Џејмс Родригез од Реал.

Шпанските медиуми пишуваат дека Колумбиецот и понатаму е прва желба на Диего Симеоне, но во случај тоа да не се реализира, подготвен е план Б.

Ериксен, кој по финалето на ЛШ со Тотенхем изјави дека е време да го смени клубот, се доведува во врска и со Реал, но во моментов е на радарот на Атлетико.

Данецот со Тотенхем има договор до јуни 2020 година, а клубот од Лондон минатиот ноември објави дека за него бара 250 милиони евра. Во наредните денови ќе биде познато дали во А.Мадрид ќе одекне нова трансфер бомба.

Извор: dribling.mk

Коронавирус