недела, 9. мај 2021. Вести денес: 131
home Фудбал

Атлетико на го пушта Гризман во зимскиот преоден рок

Извршниот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Ангел Хил Марин, отфрли можност Антоан Гризман да го напушти клубот во јануарскиот трансфер период.
Атлетико на го пушта Гризман во зимскиот преоден рок

– Невозможно е Гризман да замине во зима. Минатото лето, вложивме многу напори за да го задржиме и сега ќе го сториме истото. Сакавме да ги добиеме Гросман и Диего Коста и мислам дека е одлично за нив да играат еден до друг. Ова ќе биде од корист за Атлетико и тренерите. Пред 1 јули, клаузата за откуп на Грозман изнесува 200 милиони евра. Атлетико не сака да го продаде ниту сега, ниту во текот на летото. За нас тој е многу важен играч и се надевам дека ќе продолжиме заедно. Се надевам дека тој го сака истото, рече Мигел.

Изјавата на директорот на Атлетико доаѓа по се почестите најави дека напаѓачот ќе го напушти Мадрид и ќе се пресели или во Барселона или во Манчестер Јунајтед.

Коронавирус