сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 106
home Фудбал

Атлетико Мадрид заинтересиран за Марио Геце

Атлетико Мадрид заинтересиран за Марио Геце

Шпанскиот Атлетико Мадрид е заинтересиран за услугите на Германецот Марио Геце, пренесува германскиот „Билд“. Геце беше на состанок со тренерот на „милионерите“ Лусијен Фавр на кого му соопшти дека неговата кариера во тимот е завршена и да не очекува на него до крајот на сезоната.

Главна причина за ова е раѓањето на неговата ќерка Рома на 6. јуни. Германецот периодов го помина во болница, па не може да ги исполни сите протоколи за враќање во тимот. Oва за Марио Геце беше втора авантура во Борусија Дортмунд. Првиот пат за тимот настапуваше во периодот од 2009 до 2013 година кога играше и финале на Лигата на шампионите. Следните три години беше дел од Баерн Минхен за во 2016 година повторно да се врати на „Сигнал идуна паркот“.

Доколку премине во Атлетико Мадрид за Геце тоа ќе биде првпат да настапува надвор од домашното првенство.

Коронавирус